Рибакина сака да ги подобри тениските услови во Казахстан.
Елена РИбакина го освои Вимблдон победувајќи во финалето против Онс Џабир со 3:6, 6:2 и 6:2 за час и 50 минути тенис.
По големиот успех, таа одлучи паричната награда што и ја додели Тениската федерација на Казахстан да ја префрли во фондот за развој на тенисот во таа земја.
Таа е првата тенисерка од Казахстан која освоила грен слем трофеј.
Најпрво би сакал да им помогнам на младите тенисери, најголем дел од парите ќе одат кај нив, а дел од парите ќе издвојам за прифатилиште за животни“, рече Рибакина.
Таа е родена во Русија, но од 2018 година го претставува Казахстан.