Кошаркарската репрезентација на Црна Гора се пласираше во осминафиналето на Европското првенство, откако во Тбилиси ја совлада Грузија со 81:73 (21:19, 20:16, 17:17, 23:21), во натпреварот од последната петта коло од групата А.

Црногорскиот тим го предводеа Игор Дробњак со 22 поени и Кендрик Пери со 17 поени и девет асистенции. Бојан Дубљевиќ додаде 10 поени, а Дино Радончиќ девет поени и осум скока.

Во домашниот тим најефикасен беше Тед Мекфејден со 16 поени, а Александар Мамукеласвили постигна 15 поени со 10 скока. Ѓорѓи Шермадини додаде 14 поени и девет скока, а Дуда Санадзе го заврши натпреварот со 14 поени.

Црна Гора го освои третото место во групата, па во осминафиналето ќе игра против второпласираната селекција од групата Б, Германија.

Во конкуренција на групата А, првопласираната Шпанија заврши на првото место со четири победи и еден пораз, а Турција, Црна Гора и Белгија имаа по три победи и два порази.

Бугарија и Грузија натпреварувањето го завршија со по една победа и четири порази.

By Author