Со нов тренер во борба за враќање во Примера.
Фудбалскиот клуб Елче го отпушти тренерот Пабло Манчин поради очајни резултати.
По 26 одиграни натпревари, Елче е заглавен на дното на табелата со 13 бодови, дури 14 помалку од Еспањол, првиот тим „над линијата“.
На тие 26 натпревари, тимот победи само двапати, а двата пати под тренерската палка на Манчин.
Сепак, и покрај повремените знаци на живот, Елче беше катастрофален во поголемиот дел од сезоната, па ниту Манчин не можеше да се „извлече“ од ситуацијата, иако под негово водство тимот покажа најмногу, бидејќи на клупата пристигна за време на Зимски одмор.
Во 12 меча со Елче забележа три нерешени, седум порази и два триумфа.
Тој е петтиот тренер кој го напушта клубот од почетокот на сезоната, откако пред него тимот го водеа Алберто Галего, Серхио Мантекон како привремени тренери или Фанчиско Родригез и Хорхе Алмирон.
Не е познато кој ќе биде шестиот тренер на клупата на овој тим оваа сезона.