Легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“ презема поголема одговорност во клубот.
Сер Алекс Фергусон доаѓа во Манчестер Јунајтед за да се приклучи на раководството на славниот клуб, пишува Дејли Меил, а пренесуваат британските медиуми.
Фергусон добива советодавна улога откако Ричард Арнолд, извршниот директор на клубот, му се обратил за совет.
Тоа ќе биде поголемо влијание за легендарниот менаџер отколку што имаше во претходните девет години откако се повлече од функцијата шеф на стручниот штаб.
Идејата започна со средбата во вторник во Карингтон, каде што пет лица ќе се обидат да ги стартуваат „ѓаволите“.
Заедно со Фергусон, тука се и Брајан Робсон, поранешниот менаџер Дејвид Гил, директорот на фудбалот Џон Муртог и споменатиот Арнолд.
Инаку, Фергусон беше во клубот во изминатите девет години, но во посимболична улога, па сега ќе има поголемо влијание од кога било од 2013 година.
Да потсетиме, Фергусон со Манчестер Јунајтед како менаџер на тој клуб подигна 38 трофеи за 26 и пол години на чело.