Сите љубители на тенисот се НАДЕВАА дека последниот танц на големата Серена Вилијамс ќе трае подолго, но на патот и се испречи Ајла Томљанович која ја совлада Американката во 3. коло на УС Опен со 7:5, 6:7(4), 6: 1, со што стави крај на богатата кариера.

После 73 титули во сингл, меѓу кои и 23 Грен слемови, Серена Вилијамс, поранешната долгогодишна најдобра тенисерка во светот, ја заврши кариерата со пораз во 3. коло на УС Опен!

Подобра од неа беше Ајла Томљанович, Австралијката со хрватско потекло, која со 2:1 и моќен трет сет ја испрати Серена во пензија на 41-годишна возраст – 7:5, 6:7, 6:1!

Не долго по натпреварот, Серена беше во солзи – додека публиката воодушевено го поздравуваше големиот шампион.

-Не би била Серена да не беше Венус, затоа, благодарам Венус. Таа е единствената причина поради која постои Серена Вилијамс. Ова беше забавно возење. Најневеројатното возење и патување во мојот живот. Благодарна сум на сите што барем еднаш во животот рекоа „повелете, Серена“. Благодарен сум затоа што ме донесе овде.

Запрашана дали може да ја одложи одлуката да се пензионира, Серена рече:

– Не верувам, но никогаш не се знае. Навистина не знам!

By Author