Како се наближува почетокот на европската сребрена лига така и возбудата расте, селекторот Матијашвиќ веќе го состави тимот за натпреварувањето. На подготовките селекторот повика 20 играчи. Покрај стандардните Љафтов,браќата Ѓоргиеви, Николов шанса ќе добијат шест нови играчи кои не беа дел од квалификациите за европското првенство 2021 во јануари.

Овој успех е уште поголем по сите патешествија кои одбојкарите ги доживеа, патување со расипан автобус, недоволна финансиска поддршка, мала поддршка од граѓаните сепак овие Спартанци се изборија и успеа да остварат историски успех што би рекол нашиот репрезентативец Љафтов: толко се може, епа момци среќно

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев

Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов, Стојче Арсов, Иван Андонов (коректор / блокер)

Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ

Блокери: Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски

Либера: Васе Михаилов, Дарко Ангеловски, Филип Николовски, Костадин Ричлиев

Резерви: Марко Јуниор Стошиќ и Давид Стојанов (техничари), Тино Шулајковски и Михајло Мирасчиев (блокери)

Подготовките за сребрената европска лига ќе започнат после велигденските празници на 3ти мај.

Шансите на нашите одбојкари се значително поголеми со оглед на фактот дека ќе играат на домашен терен во Струмица,откако Македонија ја доби довербата за организација на првиот турнир од групната фаза од 21 до 23 мај, но и финалните натпревари на најдобрите 4 кои ќе се надигруваат во Струмица на 5ти и 6ти јуни. Останува да навиваме за нашите момци и да им ја посакаме целата среќа.

By Author