Полската тенисерка Ига Швионтек ја освои титулата на турнирот во Индијан Велс, таа во финалето по два сета со 6:4, 6:1 ја победи шестата тенисерка во светот гркињата Марија Сакари.
Четвртата тенисерка во светот победи по час и 20 минути.
Таа шест пати и го одзема сервисот на грчката тенисерка, која направи три брејка.
Швонтек ја освои втората последователна титула по триумфот во Доха, каде во финалето беше подобра и од Сакари.
Таа од понеделник ќе биде втора тенисерка во светот, а ќе стане само втората Полјакиња на која тоа и успеалало по Агњешка Радванска, со што ќе влезе во историјата на својата земја.