Во случај да се прашувате која е разликата во клиничките слики на вакцинирани и невакцинирани граѓани, одговорот го дадоа медицинските експерти од Здравствениот дом во Крагуевац!Нивниот научен потфат е меѓу првите од ваков вид во светот и во земјата, а првите резултати од истражувањето се веќе познати. Проф. Д-р Дејан Баскиќ од Факултетот за медицински науки вели дека едната доза на вакцината ја намалува можноста за заболување за четири пати, додека другата доза ја удвојува. „Резултатите се валидни затоа што се направени на голем примерок од над 100.000 испитаници, односно набљудувани лица“, рече проф. Баскиќ.

Д-р Василије Антиќ, директорот на Здравствениот дом, вели дека Србија е прва по Израел што дала вакви резултати. “За разлика од сите други, ние имавме привилегија да имаме четири типа вакцини, па можевме да ја провериме ефикасноста на секоја од овие четири вакцини, што не прави единствени во светот“, заклучи Антиќ.

By Author