Каков ден за Никола Јокич
Кошаркарот на Денвер, Никола Јокич втора година по ред стана МВП на НБА лигата, а наградата му беше врачена во Сомбор. Тој веднаш по добивањето на трофејот упати моќни зборови, а потоа беше организирана прослава.
“Сега не размислувам за тоа, но кога ќе бидам стар, дебел и намќор, сигурно ќе се сеќавам на тоа и ќе им кажам на децата дека порано играв добра кошарка. Сите знаат дека јас сум истиот човек и ќе останам ист после ова. Тоа што сум во друштво на сите оние момци кои ја создадоа историјата на оваа лига и овој спорт… Само тоа значи многу и е неверојатно наследство што останува” – рече Никола.
Јокич во родниот град во близина на куќата го пречекаа Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер, генералниот директор на клубот од Колорадо, Тим Конели, сопственикот на франшизата од Колорадо и Мишко Ражнатовиќ, неговиот долгогодишен менаџер.
Прво плачеше, а потоа продолжи да се дружи со гостите во меаната, каде имаше музика, хармоника, тамбура, пеење, снимање …
Српскиот центар заедно со луѓето од Денвер носеше маица на која пишуваше: „Некои сакаат да те видат како паѓаш, разочарај ги“.
На сликите може да се види колку бил возбуден Јокиќ, врз основа на кои може да се заклучи колку му значела посетата од Денвер и колку добро се забавувал.
Да потсетиме, ЈокиЧ стана МВП по несекојдневната сезона во дресот на Нагетс, забележа нереални бројки, а набрзо испливаа и резултатите од гласањето за МВП.