Фудбалерите на Ајакс, кои претходно ја обезбедија титулата шампион на Холандија, во неделата гостуваа кај Витесе, а по мечот дојде до невиден скандал во кој учествуваше и српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.

Имено, капитенот на копјниците и репрезентацијата на Србија Душан Тадиќ сакал да му подари дрес на еден од навивачите, но тоа не му било дозволено. Немаше да има проблем доколку членовите на обезбедувањето се однесуваа професионално, но почнаа да го туркаат фудбалерот, кој за среќа во таа прилика не беше повреден.

Српскиот фудбалер во тој момент веќе ги загубил сите нерви, па започнал остра пресметка со еден член од обезбедувањето, а му се придружиле и други соиграчи, за да му објаснат дека така не треба да се однесува.
На крајот се дојде до решение, играчите ги дадоа дресовите на обезбедувањето, кое потоа им ги однесе на навивачите.

By Author