Околу општинската зграда за Лепосавиќ се протегала бодликава жица.
Припадници на КФОР се присутни во општина Зубин Поток, ја блокираа улицата што води до самата општинска зграда, па до неа се стигнува само пеш. Присутни се и голем број припадници на специјалната косовска полиција. Истото е и во Лепосавиќ, а во Звечан сирените се огласиле околу 7:15 часот.
Неколку стотици Срби се собраа пред општинските згради во регионот и побараа косовската полиција и новоизбраните албански претставници да си заминат. Против демонстрантите беше употребен солзавец.
Претходно Албанците победија на локалните избори, на кои Србите одбија да учествуваат. Потоа почнаа немири, а косовските специјалци насилно ги зазедоа општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.