Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман од следната сезона ќе седне на клупата на Баерн Минхен, потврди клубот, со информација дека договорот е потпишан на пет години, а ќе стапи на сила на 1 јули 2021 година.

Нагелсман има само 33 години, а пред само четири години го зеде епитетот најдобар тренер во Германија, за минатата сезона да го донесе Лајпциг во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Трансферот на човек кој неодамна беше поврзуван со Ливерпул и Тотенхем вреди 25 милиони евра и претставува светски рекорд кога станува збор за тренери. Досега рекорд беше трансферот на Андре Вилаш Боаш од Порто во Челси за 15 милиони, а трет е трансферот на Брендан Роџерс од Селтик во Ренџерс за 10 милиони евра.

Интересно е што ова не е прв пат да се исплати обештетување за трансферот на Нагелсман, бидејќи пред пет години Лајпциг му плати на Хофенхајм пет милиони евра.

Во сторијата за новиот тренер на Баерн, да додадеме дека сегашниот стратег на Баварците, Ханси Флик е меѓу најсериозните кандидати за наследник на Јоаким Лев како селектор на германската репрезентација.

By Author