Возачите на Формула 1 го дадоа своето мислење за судбината на ГП на Монако, на кој му се заканува отстранување од календарот поради новите трки како ГП во Мајами и од следната година ГП во Лас Вегас.
Популарноста на ГП на Монако ослабе меѓу навивачите поради трките во кои претекнувањето е речиси невозможно. Но, возачите сè уште уживаат во ова Гран При кое обезбедува гламур, луксуз, забава на јахти која привлекува многу познати личности од светот на спортот и шоу-бизнисот.
Се погласни се предлозите дека Мајами ГП, кој штотуку дебитираше во Формула 1, и Лас Вегас, нова дестинација од следната година, би можеле да го заменат Монако.
Актуелниот шампион Макс Верстапен, победникот на трката во Монте Карло во 2021 година, не сака тоа да се случи…
„Мислам дека не можете да го замените Монако. Монако има толку голема историја, се разбира, потребно е време да се изгради. А исто така, Мајами е сосема поинаков од Монако, тука има многу повеќе простор и целата атмосфера е поинаква. И различна култура, што е добро што го имаме затоа што би било многу досадно да се вози во иста култура секој пат“, рече светскиот шампион, кој стана првиот победник на ГП во Мајами.
Слично размислува и Естебан Окон: „Се согласувам со Макс, мислам дека Монако е исклучително посебен. Зад себе има историја. И тоа е една трка што ја немате никаде на друго место. Мора да бидете одлични во квалификациите, а на трка е многу тешко да се престигнете или треба да ризикувате за да го направите тоа.
А Валтери Ботас, кој е регистриран во Монако, како и многу други возачи за даночни олеснувања, додаде: „Мислам дека Естебан го кажа токму она што го мислев. Многу е убаво да се дојде на овие нови настани и ова се неверојатни настани. Но, Монако секогаш ќе биде Монако поради историјата, и во секој случај тоа е нешто сосема друго.
А позицијата на Кевин Магнусен е едноставна и јасна: „Го сакам Монако“.