Во заедничка акција на Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина и Сипа и Оса на подрачјето на Сараево, запленети се 52 килограми бела прашкаста материја за која се сомнева дека е дрога кокаин. Ова го изјавил за „Новости“ Ратко Ковачевиќ, портпарол на ИТА на БИХ.

Акцијата е спроведена по инструкции на Обвинителството на Босна и Херцеговина и наредба на Судот на Босна и Херцеговина. Други детали засега нема бидејќи истрагата е во полн ек.

By Author