Право на избор на спортовите има домаќинот, па Американците ги избраа овие пет.

На состанокот на Меѓународниот олимписки комитет беа одобрени сите пет спортови предложени од организаторите на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, што сега ги става на чекор до нивно вклучување во програмата на игрите.

Организаторите ја намалија листата на спортови на пет – крикет,  флег фудбал (американски фудбал без контакт), лакрос, сквош и бејзбол.

Според правилата што ги воведе МОК пред неколку години, секој домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата.

– Овие пет предлози беа прифатени како пакет на состанокот на Извршниот одбор на МОК. Го зедовме предвид фактот дека овие спортови на најдобар начин ја отсликуваат спортската традиција на нашите домаќини и дека ќе ги претстават одличните амерички спортови на меѓународно ниво – изјави Томас Бах.

Така, крикетот ќе биде вратен на олимписката програма за прв пат од 1900 година, додека другите спортови од списокот за првпат ќе бидат вклучени во Игрите.

Организаторите на Игрите во Париз се одлучија за брејкденс, спортско качување, скејтборд и сурфање.

By Author