Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдоброрангираниот тенисер во светот

Данил Медведев од понеделник, 28 февруари и официјално ќе го заземе првото место на АТП листата по поразот од Новак во четвртфиналето во Дубаи.

Ѓоковиќ сензационално беше поразен од Јиржи Весели, 123. тенисер на планетата и од понеделник по подолго време ќе биде втор на АТП листата.

Без разлика на понатамошниот настап во Акапулко, рускиот тенисер од понеделник ќе го прескокне Србинот на АТП листата и на тој начин ќе го направи резултатот од кариерата за која направи голем чекор играјќи го финалето на Австралија опен неодамна.

Новак не успеа да ги одбрани освоените 500 поени во 2020 година во Дубаи, а на Медведев ќе му биде доволно од освоеното досега во Акапулко за да го прескокне на АТП листата.

Пред турнирите во Дубаи и Акапулко разликата меѓу Новак и Данило беше само 440 поени.

Новак сега го чека голема борба за враќање на тронот, Медведев, кој има најмногу уште три меча во Акапулко, нема многу да побегне, но моменталната тениска ситуација не му оди во прилог на Србинот. На многу начини, понатамошната АТП трка ќе зависи од тоа на кои турнири ќе може да настапи Ѓоковиќ поради статусот на вакцинација, а тоа може да направи клучна разлика и да им даде предност на Русинот.

By Author