Победа на натпревљрот од ЕХФ лига на шампиони на гостувањето во Франција.

Ова е нашиот РК Вардар борбено до крај. Од самиот почеток натпреварот го почнаа добро и во поголемиот дел тие имаа водство, на полувреме отидоа со три гола позитива за во второто полувреме да продолжат со истата игра и во еден миг да имат водство од дури осумгола. Ова се нашите миленици тоа го можат само им треба добар предводник.

Одлична победа, особено што и македонските играчи имаа добар удел. Томовски и Столе ѕверови, Карапале одличен во напад, Тале добар во одбрана, а и Џомба со супер прво полувреме. Карапалевски е бекот од кој се очекува многу. Му требаше доста време додека доби на храброст да ги води нападите, претходно само правеше простор за Моралес. Време е нашите бекови да покажат дека заслужуваат место во најсилните клубови, а не да чекаат РФМ да носи смешни правила со ограничување на бројот на странци. Французиве и Моралес се ѕверови за во одбрана, а добро е што браќата ги намалија циркузантските додавања и технички грешки. Победата ни требаше за кревање на атмосферата, а особено е важна за пласман понатаму. Останува да ги решиме Елверум и Загреб во Скопје.

Една слика – Еден живот -Една љубов

By Author