Канадската скијачка Лоренс Сен Жермен го освои златниот медал во слалом на Светското првенство во алпско скијање.

Седумкратната светска шампионка Микаела Шифрин го освои среброто со 57 стотинки заостанување, иако по првата трка водеше со 61 стотинка пред Сен Жермен или 19 пред Венди Холденер.

Швајцарката беше на пат да го освои златото во второто возење, но погреши и остана без пласман. За утеха ѝ останаа две сребрени медали, од комбинација и паралелен слалом.

Германката Лена Дир ја искористи грешка на Холднер и ја освои бронзата, нејзиниот прв соло медал, по три екипни.

Микаела Шифрин го заврши СП како најуспешен натпреварувач со три медали. Таа пред два дена го освои златото во велеслалом, додека бронзата во Супер-Џи. Таа не ја заврши трката во спуст.

Светското првенство завршува в недела, со машкиот слалом во Куршевел.

By Author