Африка и арапскиот свет слават, Ен-Несири го испрати Мароко во полуфиналето на Светското првенство, а Кристијано Роналдо со репрезентацијата за Португалија.
Историја е испишана на стадионот Ал Тумама каде афричката репрезентација направи чудо и елиминира уште еден фаворит, Мароко ја победи Португалија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Јусуф Ен Несири во 42. минута, кога со небесен скок го матираше португалскиот голман.
Португалија повторно играше без Кристијано Роналдо во стартните 11, доби шанса во продолжението, но не успеа да направи пресврт. Мароко ќе игра со победникот од дуелот меѓу Англија и Франција во полуфиналето на 14 декември.
Бајката за Мароканците продолжува на овој Мундијал.