Наполитанците во текот на викендот пропуштија можност да ја прослават титулата со победа над Салернитана, но вечерва им успеа.
Во 33. коло од Серија А, избраниците на Спалети одиграа 1:1 против Удинезе.
Наполитанците ги воодушевија своите навивачи, кои титулата ќе ја паметат на посебен начин.
Наполи одигра 1:1 со Удинезе во натпреварот од 33. коло на Серија А, што беше доволно клубот од Неапол да стигне до третата титула во клупската историја, прва по 1990 година.
Неапол чекаше 33 години да го доживее ова, а штом започна прославата не можеше да се прекине.
Оние кои беа присутни во Удине кога судијата свиреше за крајот на натпреварот, истрчаа на теренот и, како што налага фудбалската традиција, собраа грутки трева како спомен на овој историски настан.
Меѓутоа, еден од нив решил таа грутка да ја пушти на продажба по цена од 700 евра.
Почетната цена беше 100 евра, но фановите се прашуваат како може да се гарантира автентичноста на оваа грутка, бидејќи оригиналната слика е од домот на продавачот.