Реакцијата на широката јавност за манувањето на официјалниот дрес на македонската фудбалска репрезентација за историското европско првенство стигна реакција и од ФФМ.Имено претседателот на ФФМ излезе со соопштение во кое заедно со раководството на ФФМ ја превзема целата одговорност за овој пропуст но и истакнува дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер од најрана возраст и изрази искрено жалење за негативните реакции кои беа предизвикани од бојата на новите дресови.

Од ФФМ пративме допис до УЕФА со кој барат натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надеваме дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото, стои во соопштението на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Фото:FFM.mk

By Author