Ерлинг Халанд дефинитивно ќе го замени жолто-црниот дрес со светлосин.
Англиските медиуми, пред се Атлетик и Дејли Мејл, пред еден месец објавија дека најголемиот талент на светскиот фудбал ќе го засили Сити, а денеска стигна и потврдата.
Халанд ги договорил условите со клубот каде неговиот татко Алф-Инге ја заврши кариерата пред речиси две децении. Што се однесува до договорот меѓу „граѓаните“ и „милионерите“ нема никакво прашање, бидејќи Норвежанецот има откупна клаузула, Борусија е должна да го ослободи според условите од договорот доколку некој понуди 75 милиони евра или малку помалку од 64 милиони фунти колку што ќе искешираат Арапските шеици од синиот дел на Манчестер.
Според претходен договор, корист од трансферот требаше да има покојниот Мино Рајола, кој беше и агент на Халанд, на кого Сити му вети провизија од дури 70 милиони евра. Останува да видиме што ќе биде со тие пари.
Така, Халанд ќе стане убедливо најплатениот играч во историјата на Премиер лигата.
Нема сомнеж дека „граѓаните“ завршија страшна работа. Без разлика колку (пре) платиле на Норвежанецот. Една од најголемите саги на претстојното лето конечно заврши, а се чека само официјалното соопштение на Манчестер Сити дека работата е завршена.