Хрватска го освои третото место на Мундијалот совладувајќи го Мароко во интересен дуел, но тој епилог доведе и до вербален и речиси физички напад на претседателот на ФИФА.
Најголемата ѕвезда на мароканската репрезентација влегла во вербален дуел со претседателот на федерацијата.
Како што пренесува холандски „НОС“, новинарот Том Егберс се нашол во тунелот на стадионот по споменатиот натпревар токму кога Ашраф Хакими го истурил бесот врз првиот човек на светската куќа на фудбалот.
Имено, незадоволен од начинот на кој судијата Абдулрахам Ал-Јазим ја делеше правдата, а асот на Мароко и фудбалерот на Пари Сен Жермен веруваше дека не е досуден пенал за неговата репрезентација, штом Хакими виде дека во близина е Џани Инфантино, решил да му пријде.
За среќа, на тоа се завршило, па Инфантино се смири и излезе на теренот, каде им ѓи додели бронзените медали на хрватските фудбалери за третото место на Мундијалот