Данил Медведев да ги контролира нервите во полуфиналето на Австралија опен против Стефанос Циципас.

Публиката уште повеќе ја загреа атмосферата на крајот од вториот сет, па дури и му свиреше на Медведев по двојната сервис грешка. Русинот отиде до клупата, а незадоволен од сервирањето се удри со рекет по левата рака.

Судијата го предупреди на неговото однесување, а Медведев ја продолжи дискусијата со него.

„Неговиот татко може да зборува во секој момент?! Дали си глупав? Татко му може да зборува за секој поен?! О Боже! О, Боже, толку си лош човеку! „Медведев му викаше на судијата, лут на комуникацијата на Циципас со неговиот татко, кој е и негов тренер.

Медведев го загуби вториот сет и по оваа дебата не можеше да се врати во ритам, а кога тргна во соблекувалната застана кај судијата Хауме Кампистол.

Шпанскиот арбитар молчеше и засрамено го погледна Медведев, кој тргна да се пресоблече со нова порака.

„Разбираш, нели? Ако не му дадеш тренерско предупредување, ти си… како да кажем… мало маче“, рече Медведев, кој беше на работ да каже „пичка, “, но сепак некако се извлече.

На крајот од натпреварот, откако се прости од Циципас, тој му се извини на судијата.

By Author