Вечерва во Нов Белград дошло до масовна тепачка меѓу навивачите на Партизан и Црвена звезда.
Според очевидци, учествувале околу 40 млади момчиња, од кои некои побегнале со автомобил кон Земун.
Конфликтот избувна на аголот од улиците Душана Вукасовиќ и Војвоѓанска во блоковите 61 и 62.
Тие блокови, инаку, се упориште на црно-белата навивачка група „Вандал бојс“, а се претпоставува дека причината за тепачката е исцртување графити и доминација над територијата.