Никола Митревски ќе биде во составот на македонската репрезентација за денешната средба против Црна Гора, втора на Европското првенство и клучна за нас.

Иако неговиот помлад колега Томовски не дозволи да се осети многу неговото отсуство, сепак Митревски е важна алка во нашиот состав, па така неговото враќање ќе има големо значање за нас.

Првиот голман на македонската репрезентација го пропушти првиот дуел со Словенија, но експресно се опорави од коронавирусот и сега се стави на располагање на Лазаров. Со објавувањето на составите, ЕХФ потврди дека Митревски има право на настап.

By Author