Парижаните со минимален пораз ги чека реванш.

Фудбалерите на Баерн Минхен победија на гости кај ПСЖ со голот на Кингсли Коман за 1:0, додека Милан на домашен терен го совлада Тотенхем со голот на Брахим Дијаз за 1:0.

ПСЖ така ќе има тешка задача на 8 март на „Алијанц Арена“, како и Тотенхем на домашен терен во Лондон.

Вистинско чудо е што немаше повеќе голови на Паркот на принцовите, каде и Баерн и ПСЖ имаа неколку одлични шанси кои не ги претворија во голови.

ПСЖ до 57. минута играше без Килијан Мбапе, кој паузираше поради повреда, откако влезе во игра постигна два гола, но и двата беа поништени поради офсајд.

Фатален за ПСЗЖ повторно беше Кингсли Коман, кој ја затресе мрежата во 53. минута, а потоа им се извини на навивачите, бидејќи токму во ПСЖ помина низ младинската академија.

Фудбалерите на Баерн тргнаа крајно офанзивно во првото полувреме. Сепак, Баварците не успеаја да создадат сериозна шанса во текот на првите 45 минути, иако имаа неколку опасни напади.

Сепак, во неколку наврати недостигаше финишот. Од друга страна, ПСЖ беше целосно безопасен кон голот на ривалот и беше очигледно дека недостасува Килијан Мбапе.

Баерн продолжи во ист ритам и во вториот дел, каде во игра влезе Алфонсо Дејвис наместо Жоао Кансело и таа промена му се исплатеше на Нагелсман.

Дејвис одлично нафрли во 53. минута и одлично го погоди Кингсли Коман, кој ја чекаше топката и со десната нога ја смести под Донарума.

Набрзо на теренот влегоа Килијан Мбапе наместо индиспонираниот Солер, како и Фабијан Руиз наместо Заир-Емери.

Но, Баерн продолжи со својата игра, па за малку ќе поведе со 2:0. Чупо Мотинг имаше две одлични шанси во 62. и 64. минута, но во двата наврати Донарума извонредно реагираше и еднаш спаси со помош на стативата.

Подоцна и Павар одлично погоди со глава по корнер, но Донарума повторно беше одличен на голот и го спречи Баерн да дојде до водство од 2:0.

Идеална шанса за израмнување имаше ПСЖ во 74. минута. Мбапе побегна од одбраната на Баерн, имаше идеална шанса, но си даде преголемо водство и пропушти можност да израмни. Одбиената топка што ја одбрани Зомер налета на Нејмар, кој двапати беше блокиран. Топката потоа дојде до Ембапе, кој постигна гол, но беше активирана од офсајд и голот веднаш беше поништен.

Мбапе им донесе голема радост на навивачите во 81. минута, кога по одличната асистенција на Нуно Мендеш постигна гол за 1:1, но ВАР реагираше и се покажа дека Мендеш е во милиметарски офсајд, поради што и вториот гол на Мбапе е поништен.

Можеше да даде гол и Меси во 84. минута, но неговиот удар по добрата асистенција на Мендеш беше изблокиран на неверојатен начин.

ПСЖ до крајот не успеа да израмни, но Баерн остана со играч помалку во судиското надополнување, бидејќи Бенјаман Павар доби втор жолт картон и нема да биде во реваншот.

Во вториот натпревар во Милано, Милан го победи Тотенхем со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Брахим Дијаз на стартот од натпреварот, кој искористи една одбиена топка по ударот на Тео Хернандез и ја смести топката во мрежата.

До крајот на првото полувреме Тотенхем имаше шанса да израмни преку Сон и Кејн. Кореецот шутираше по добар продор и го намачи Татарушану, кој ја одврати топката до Кејн, кој од одлична позиција ја погоди гредата.

Милан имаше две убави шанси во вториот дел да го зголеми водството, но на крајот резултатот остана 1:0.

By Author