Фудбалерите на Милан дојдоа на чекор до освојување на „скудетото“ во Серија А со победата над Аталанта со резултат 2:0 (0:0) во 37.коло.

„Росонерите“ стигнаа до 83. бод и пред крајот имаат четири бода повеќе од Интер, на кого му преостануваат уште два меча, а првиот вечерва на Сардинија против Каљари. Доколку Интер не победи, шампионската трка ќе биде завршена.

Милан во последното коло ќе му гостува на Сасуоло, додека Интер ќе ја пречека Сампдорија.

Избраниците на Стефано Пиоли поприлично се помачија попладнево на полниот „Сан Сиро“, црвено-црните навивачи 11 години ја чекаат титулата шампион на Италија.

До неа ѓи доближи Рафаел Леао со одличен гол во 56. минута.

Тој доби долг пас во просторот од Жуниор Месијас, побегна на неговите чувари и низ нозе го матираше Хуан Мусо.

Пред тој гол, но и потоа, Милан се мачеше да се пробие до Аталанта, која исто така имаше за што да игра, бидејќи дури и со бод можеше да влезе во зоната која води кон Европа.

Сепак, тимот од Бергамо не беше на потребното ниво, па во 75. минута Тео Ернандез стави точка на голот со 2:0.

Тој ја зеде топката на 35 метри од својот гол и целосно сам ја однесе до крај и постигнав еден од подобрите голови оваа сезона.

By Author