Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, по раскинувањето на долгогодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ, стапила во врска со успешниот српски фудбалер Немања Гудељ.
Немања Гудељ е еден од најуспешните српски фудбалери. Моментално настапува за шпанска Севиља, а на списокот е и за српската репрезентација кај Драган Стојковиќ Пикси.
Гудељ не е мајстор за скандали и вљубеник во ноќниот живот, но претходно го поврзуваа со поп ѕвездата и колешка на Анастасија Сања Вучиќ. Сепак, Сања подоцна ги негираше овие наводи и истакна дека тие биле само пријатели.
Репрезентативецот обожава тетовирање, па целото тело му е покриено со тетоважи. Последната тетоважа ја направи во Севиља каде моментално настапува за истоимениот клуб – три крста на грбот.
Една од првите тетоважи што ги направи во Холандија е портретот на неговиот татко, познатиот фудбалер Небојша Гудељ. Како што еднаш изјави Немања, секоја тетоважа на неговото тело има посебно значење.
Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.
Младата пејачка веќе била кај своето момче во Шпанија и објавила слика со неговата сестра Вања, додека фудбалерот од Севиља двапати дошол во Белград кај својата девојка, но се уште не успеал да ја запознае нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.