Еден активист реши да го прекине натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај (2:0), а најпрво долго време не се знаеше што се случи со него.
Излезе дека Марио Фери завршил во полициска станица, а сега откри што се случило.
Во интервју за шпански „Онда Серо“, овој Италијанец, кој и претходно протестираше на ваков начин, откри дека поминал тешка ноќ во полициска станица, а дека лично му помогнал Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.
„Имав тешка ноќ. Не во затвор, туку во полициска станица. Инфантино дојде во четири часот наутро да ми помогне. Никогаш порано не сум го сретнал. Ми рече: „Повторно ти, зошто?“ Катар е многу опасен за тебе“, рече Фери.
Фери е нисколигаш, а му појасни што му рекол на Инфантино.
„Му реков дека пораките што сакам да ги испратам ми се многу важни. Сакам да втрчам на теренот на важни натпревари, секогаш со добри намери и позитивни пораки, како што беа овие, рече Фери.
Фери го носи дресот на Кастел ди Сангруа и е познат по своите упади на терените. За време на Светското првенство во Бразил во 2014 година, тој упадна на теренот на мечот меѓу Белгија и САД, а на неговиот дрес пишуваше „Спасете ги децата во фавелите“.
Фери на овој Мундијал носеше маица со логото на Супермен на предната страна и порака „Спасете ја Украина“. На неговиот грб пишувало „Почит за жените од Иран“.
Некое време го бркаа низ теренот, но еден од редарите го фати и го фрли на земја пред да претрча низ целиот терен.