Кудела се пожали на суспензијата на десет натпревари.НЕ САКА да го пропушти ЕП поради казната.

Дефанзивниот играч на Славија од Прага, Кудела, денес се пожали на казната од десет натпревари што му ја наметна Европската фудбалска унија (УЕФА).

Кудела беше казнет за расистичко навредување на играчот на Ренџерс, Глен Камара, во натпреварот од осминафиналето во Лигата на Европа, на 18 март. Адвокатската канцеларија што го застапува денес објави дека поднеле жалба, еден ден откако Кудела доби детална пресуда од Уефа.Забраната за игра важи и за репрезентативните натпревари, па Кудела ќе го пропушти Европското првенство, кое започнува во јуни, доколку казната остане во сила.Кудела призна дека гонавредил Камара, но тој негираше дека станува збор за расистичка навреда, што ја слушнал друг фудбалер на Ренџерс.Десет утакмици е минималната казна која може да ја добие еден фудбалер за расистичка навреда според правилникот на УЕФА.

By Author