Вулета веќе во првата серија обезбеди победа.

Српска атлетичарка Ивана Вулета вечерва победи во скок во далечина на средбата од златната серија на светската турнеја во германскиот град Карлсруе.

Вулета веќе во првата серија обезбеди победа со резултат од 6,76 метри, што е најдобар резултат во светот во моментов.

– Задоволен сум како Ивана ја отвори сезоната. Ивана вечерва скокаше од пократок залет, победа и водечкиот резултат во светот, немам за што да се жалам – ги сподели селекторот Обрадовиќ позитивните впечатоци од Германија.

By Author