Оваа сезона во НБА лигата изгледа главно прашање е како да се запре Јокич. Дарвин Хем сликовито опиша дека ќе има многу тешка работа против Денвер.
Никола Јокиќ игра нереална кошарка цела сезона, а тоа е особено случај во плејофот, каде неговиот тим прво ја исфрли Минесота, а потоа и Феникс, кој важеше за можеби најголемиот фаворит за титулата со Кевин Дурант и Девин Букер како лидери.
Но, Јокиќ ги разнесе во нереална полуфинална серија, каде во просек бележеше преку 30 поени, 10 скока и 10 асистенции по натпревар.
Цела Америка конечно му го доделува на Јокиќ признанието кое одамна го заслужи, а тоа е дека е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
И тренерот на Лејкерси е свесен што го чека неговиот тим против Јокиќ и компанија, кои ќе ја имаат предноста на домашниот терен, бидејќи беа први на табелата од Западната конференција на НБА лигата.
На прес-конференцијата на Дарвин Хем, новинарите се интересираа како Лејкерси ќе се обидат да го запрат Јокиќ, на што тој даде интересен одговор.
Ако бидеш таму тогаш, ќе ти кажам. Нема да ме забрзаш. Веќе знаеме дека не чека чудовиштето од Карпестите Планини. Но, да уживаме во оваа победа – рече Хем и предизвика насмевки кај новинарите на конференцијата.