Во трката во спуст на Зимските олимписки игри во Пекинг златниот медал и припадна на Швајцарката Корин Зутер.

Актуелната светска шампионка до златниот медал стигна со време 1:31.87.

Втора на целта мина златната од Пјонгјанг и водечката скијачка во спуст во Светскиот куп, Италијанката Софија Гоџа, која заостана 0,16 секунди.

Втората италијанка, Надија Делаго, го освои бронзениот медал со заостанување од 0,57 секунди од победничката.

Лидерката во Светскиот куп, Американката Микаела Шифрин го зазеде 18. место (2,49).

By Author