Професорот Даниел Сервер смета дека постојат минимални шанси државите кои не го признале Косово да го променат својот став.Тој смета дека нема шанса никоја од петте држави во ЕУ кои не го признале да го промени својот став освен Грција за која велат дека најверојатно ќе ја признае независноста на Косово пренесува Телеграф постер.Филипс и Сервер сметаат дека треба да се почека крајот на дијалогот помеѓу Приштина и Белград за да се види ставот на земјите на ЕУ по прашање признавање на Косово,тие истакнуваат дека Грција најверојатно ќе ја признае независноста на Косово.

Ѕидот кој го изградија петте држави кои не го признаваат Косово наскоро ќе се сруши откако Грција или било која друга од државите реши да го признае Косово.

Не треба да се занемари блискиот однос помеѓу Грција и Србија но договорот помеѓу Белград и Приштина треба да биде проследен со признавање на петте држави кои се уште не го признале Косово а тоа се Шпанија, Грција,Словачка, Романија и Кипар сепак на дел од земјите би им било потешко да соработуваат со Косово поради нивната внатрешна политика.

Известувачот за Косово во европскиот парламент смета дека доколу би дошло до договор помеѓу Белград и Приштина многу лесно би можело да дојде до негово признавање од страна на Грција и останатите членки.

By Author