Србија – Германија 77:83 (26:23, 21:24, 10:22, 20:14)
Германија го освои златниот медал на Светското првенство во кошаркарка, совладувајќи ја Србија во денешното финале во Манила со 83-77.
За Германија ова е првото светско злато во историјата, додека Србија покрај сребрениот медал обезбеди и настап на Олимписките игри 2024 во Париз.
Репрезентацијата на Србија во која никој не веруваше сем играчите и нивниот селектор го освоија среброто, а толку блику беа и до златниот медал.
Финалето во Манила беше израменото до првото полувреме (47-47), а клучна се покажа третата четвртина која Германија ја доби со 22-10.
Повредата на Огњен Добриќ, кој мораше да ја напушти играта по две минути, беше доста голем пехс за Србите.
Србите во еден момент имаа негатива од 12 поени но не се предаваа и го внесоа финалето во драматична завршница.
На крајот Марко Гудуриќ можеше да биде херој на овој тим, имаше шут за три поени, промаши. потоа ја загуби топката и тоа беше крајот. Прилично добар натпревар имаше Алекса Аврамовиќ, кој практично на овој меч одигра сам против сите
Германија до историското злато со 28 поени ја предводеше Денис Шредер, кој беше прогласен за најкорисен играч во финалето, додека во српските редови најефикасен беше Алекса Аврамовиќ со 21 поени.
Бронзата ја освои Канада совладувајќи ја американската репрезентација со 128-117 по продолжение.