Легендарниот јапонски фудбалер, 54-годишниот Казујоши Мијура си најде нов клуб.
Само месец и половина пред својот 55-ти роденден, Мијура потпиша договор со четвртлигашот Сузука, каде тренер е неговиот постар брат Јасутоши.
Ветеранот кој игра како напаѓач смени голем број на клубови, а покрај Јапонија најмногу настапуваше во Бразил каде настапуваше за шест екипи.
Мијура кратко играше и во Џенова, Италија, Динамо Загреб и Сиднеј, Австралија.
За јапонската репрезентација настапуваше од 1990 до 2000 година и на 89 настапи постигна 55 гола.