Силвио Берлускони најави дека Монца ќе сака да се бори за самиот врв во Серија А, а информациите кои доаѓаат од Апенините покажуваат дека тоа не е шега.
Како што објави новинарот Фабрицио Романо, еден од најсигурните кога се во прашање фудбалските трансфери, клубот предводен од поранешниот сопственик на Милан цели кон Мауро Икарди.
Како што истакна Романо, Адријано Галијани, директорот на клубот разговарал со менаџерот и сопругата на аргентинскиот играч Ванда Нара.
Икарди неколку пати изјави дека има намера да остане во Париз, но впечаток е дека Паркот на принцовите не би имал ништо против да се раздели со напаѓачот, доколку добие соодветна отштета за тоа.
Потсетуваме, Икарди веќе настапуваше во Италија, каде го носеше дресот на Сампдорија и Интер, пред да пристигне во француската престолнина во 2019 година.