Овие две години откога КОРОНА вирусот дојде во нашите животи суплиментите станаа наше секојдневие.
Витамините и минералите кои ѓи користите како би сте го зајакнале имунитетот и поправиле здравјето, важно е да се земат во вистинскиот период од денот, зато што нивната апсорција тогаш е најдобра.
Исто така е докажано дека некои подобро делуват на празен желудник, додека други исклучиво со храна, а некои комбинации на витамини и минерали можат да ја успорат апсорцијата, додека други овозможуваат правилно да делуват во организмот.
Лекарите нагласуваат дека суплиментите не треба самоиницијативни да се земат туку после направени анализи кои укажуват на нивен недостаток и консултации со стручно лице.
Витамини кои се земат наутро
Витамин Б12 е најдобро да се зима наутро на празен зелудник со витамин Б1 и бакар. Витамин Б12 го потикнува создавањето на енергија и затоа треба да се зема во овој период од денот. Утрото е време кога треба да се земе и витамин Ц кој може да се комбинира со Б12, А, Е. Додатокот на железо исто се зема наутро но тоа мора со храна, Важно е да се напомене дека железото не треба да се зема во комбинација со витамин Е, цинк, манган или калцијум.
Попладне
Во овој период од денот витамините обавезно се земат со храна. Се препорачува да се земе цинк најдобро во комбинација со витамин А, Ц иБ12. Напладне треба да се зема витамин А најдобро со Ц и Е како и со цинк.
Вечерни витамини
Со храната, за време или после вечерата би требало да земате витамин Д, најдобро во комбинација со калцијум кој ја подобрува неговата апсорција. Исто така добра комбинација е витамин Д и рибино масло.
Пред спиење
Како би сте го подобриле варењето земајте пробиотици два саати после вечерата. Пред спиење е идеално време за магнезиум. Може да го земете со калциум и витамин Б6.