Историјата беше напишана на африканскиот куп на нации кога Зимбабве ја совлада Гвинејасо 2-1 во вторникот попладне,бидејќи судискиот тим беше составен од четири жени.
Салима Мукансанга од Руанда беше главен судија, а и помагаа Гатиха Џермуми (Марко) и Карин Атемзабонг (Камерун), како и Бухра Карбуби (Мароко) во ВАР.
“Ќе му покажеме на светот дека можеме да направиме нешто” рече Мукансанга во интервјуто за ЕСПН пред турнирот
“Можеме да покажеме дека можеме да судиме машка игра на високо ниво и да успееме. Правилата на играта се исти, сега користиме ВАР, тоа е исто како Светско првенство и Олимпијадата и тоа е одлична можност за мене и за другите жени.
Сакам другите жени да ме поддржат, жените судии и жените ширум светот, затоа што можеме на направиме нешто”.
Мукансанга веќе испиша историја на турнирот со тоа што стана првата жена што судела натпревар во АФКОН кога беше четврти судија на натпреварот помеѓу Гвинеја и Малдиви на 10 јануари.
“Ние сме супер горди на Салима бидејќи таа мораше да работи исклучително напорно за да биде таму каде што е денес”,изјавиглавниот судија Еди Мејлет од CAF.
Знаеме дека за една жена таа мораше да надмине сериозни пречки за да го достигне ова ниво и заслужува големи пофалби.Овој момент не е само за Селима, туку и за секоја млада девојка во Африка која има страст за Фудбалот и која се гледа себеси како судија во иднина”.