Рецепт за посни ванилици колачи полнети со џем од кајсии или сливи – ситни колачи кој се топат во уста, не потсетуваат на кујната на баба, а попатно и може долго да стојат!

Ах, тие прекрасни, миризливи, нежни и ронливи колачи. Нема такви што се топат во устата поубаво од нив. Најубавиот потсетник на бабината кујна, незаменлив дел од секоја колекција и збирка рецепти за ситни колачи. Ова е мојата верзија на посни ванилици која им се допадна на сите што ги пробаа! Колачињата може да се чуваат долго, па дури и да ги направите во малку поинаква форма.

Состојки:
400-450 гр меко бело брашно
150 мл сончогледово масло
150 мл бело вино (или пиво)
1/4 лажичка прашок за пециво
џем од кајсии или сливи
1 кесичка ванилин шеќер
шеќер во прав

Доколку сакате можете зејтинот да го замените со путер, и вотестото по желба може да ставите толчени ореви.

Подготовка:

Во сад просејте околу 400 гр брашно и прашок за пециво, па измешајте. Потоа додадете масло и вино и замесете тесто додавајќи уште брашно, доколку е потребно. Тестото не треба да биде премногу тврдо, но не треба да се лепи ниту за вашите раце. Замесеното тесто ставете го на набрашнета површина и расукајте со сукало до дебелина не поголема од 5 мм.

Со модла од саканата форма извадете парчиња тесто и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Оставете мала празнина меѓу нив, тие не треба да се допираат. Остатокот од тестото замесете го малку, расукајте го со сукало и повторно вадете ги формите и така додека не се потроши тестото. Печете ги бисквитите во рерна загреана на 180 °C. После 10-тина минути почнете да ги проверувате бидејќи бојата нема многу да ја сменат, па треба да ги погледнете и од дното какви се за да не изгорат.

Кога ќе се испечат колачињата, премачкајте ги со џем и нежно преклопете го со ненамачкан бисквит, па валкајте во мешавина од просеан шеќер во прав и ванилин шеќер. Ставете ги во кутијата за колачиња.

By Author