Комбинацијата од компири и спанаќ е одлична како прилог со месо или риба, но може да биде и лесен ручек за посни денови.

Состојки:
1.500 гр компири
300 гр спанаќ
3 чешниња лук
2 супени лажици сок од лимон
3 лажици растителна маст (маргарин или 100 мл масло)
1 лажичка сол
Сварете ги компирите, оставете ги да се изладат, излупете ги и исечете ги на коцки.

Подгответе го и спанаќот, измијте го и исечкајте го.

Загрејте растителна маст или масло и додадете ситно сечкан лук, пржете неколку секунди, посолете падодадете го и спанаќот.

Промешајте, поклопете и оставете да се динста околу 2 минути на ниска температура.

Додадете го лимоновиот сок и исецканите компири, повторно промешајте, покријте и оставете да се динста 10 минути.

Накрајот може да се додаде и рендан кашкавал.

Добар тек!

By Author