Неделниот ручек кога сите сме дома и тешко е да угодиш на сите вкусови печените кременадли со кромпири и сервирани со некоја зелена салата можеби се „клише“ но секогаш успева сите да бидат задоволни.
Потреби состојки:
4 свински врани кременадли
4 големи компири
2 млади кромидчиња
1 пиперка по можност од туршија
1 домат
презла
масло
Зачини:
сол, бибер
оригано
2 лажица кисела павлака
100 гр рендан кашкавал
1 лажичка гранули лук
1 лажица соја сос
1 лажичка зачини за месо
Подготовка:
Измешајте ги сите зачини во еден сад и валкајте го месото . Тавата премачкајте ја со масло. Исечете ги компирите на коцки, па валкајте ги во останатиот дел од маринадата а потоа во презла и наредете ги во тавче подмачкано со масло. Пиперките и доматите исто исечете ги на коцки и распоредете ѓи врз кромпирите и потоа ставете ги кременадлите. Посипете со листови магдонос и исецкано младо кромитче, па печете на 250 степени во покриена тава, околу 1 час. Кон крајот отстранете го капакот или фолијата и печете уште 20 тина минути додека заруменени.
Пријатен ручек!