Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи со КОВИД-19, девет оздравени пациенти и еден починат од Струга (86г). Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.

By Author