Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 777 тестови регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19 од кои 20 реинфекции, како и 14 оздравени пациенти. Во истиот период не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните (93)случаи 20 се реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.