Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 894 тестови регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, како и 42 оздравени пациенти. Во истиот период нема регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број на новозаразени (110) реинфекции се 18.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.