Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, регистрирани се 91 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.067 тестови, оздравени 67 и не е евидентиран ниту еден смртен случај.
Од вкупниот број позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.
Како во последното деноноќие не е евидентиран ниту еден смртен случај така и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид 19 нема пријавено починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.