Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, 48 пациенти се оздравени, а нема ниту еден пријавен смртен случај.
Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.