Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 543 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

Од седумте починати лица две се од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г) ,Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а на активни случаи изнесува 2.445.

By Author