Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи со КОВИД-19 и 177 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Од вкупниот број на новозаболени (96) регистрирани се 14 реинфекции.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4 април во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а на активни случаи изнесува 1.030.

By Author